
Кабинетот на вицепремиерот Владимир Пешевски не даде зелено светло за рудникот Кадиица кај Пехчево, информира Канал77. Кадиица нема да проработи поради наводното загадување со подземните води кои можат да предизвикаат еколошки проблем и со Бугарија, стои во мислењето што до Владата го испрати Комисијата за економски систем и тековни економски политики.
Во мислењето од оваа Комисија стои дека „ самата концесиска површина е во непосредна близина на границата со Република Бугарија, при што можно е контаминација на подземните води кои ќе продираат и до Бугарија, а со тоа е присутна и опасноста од предизвикување на меѓународен еколошки спор.“
Поради ова, Комисијата и препорачува на Владата постапката за давање согласност за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно да се прекине.
Cпоред најавите, инвестицијата во рудникот тежеше 100 милиони евра, а рудникот требаше да вработи 100-ина лица што за малото Пехчево ќе значеше нов живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


