| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го очекува пакетот мерки за економски спас

vlada-srbijaПакетот економски мерки за намалување на буџетскиот дефицит и поттик на економскиот раст би требало да биде обелоденет денеска на отворена седница на Владата на Србија, јави Радио-Телевизија Србија.
Најавената седница на Владата по повод економските мерки за спречување банкрот на државата беше одложена вчера за денеска поради обврски на премиерот Ивица Дачиќ во Брисел.
Медиумот јавува дека најверојатно една од мерките ќе биде воведување солидарен данок во јавниот сектор и тоа на платите над 50.000 динари, иако голем дел од тој проект засега не е познат за јавноста.
Вицепремиерот Александар Вучиќ предупреди дека државата Србија е пред банкрот и оти тешките економски мерки ќе погодат меѓу 300.000 и 500.000 луѓе. Како една од мерките тој најави намалување на палтите во јавниот сектор со што ќе се заштедат околу 200 милиони евра.

Македонските компании може да претрпат сериозни загуби поради економската дестабилизација на Србија. Македонските компании може да претрпат сериозни загуби поради економската дестабилизација на Србија. Во структурата, една третина од македонскиот извоз кон Србија се прехранбени производи, од кои половина зеленчук и овошје и нивните преработки, вторта третина е извозот од црната и обоената металургија и една третина е извоз на енергенси, вклучувајки ја и електрична енергија, нафта и нафтените деривати, извоз на вино и лекови, како и останатите производи како што се неметали, текстил, електропроизводи, хемиски производи, козметика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top