На денешната прес-конференција на РК Вардар, во пресрет на утрешниот натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Нексе, првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко соопшти дека шефот на стручниот штаб Зоран Кастратовиќ веќе не е тренер на клубот.
– Одлуката е конечна. Зоран Кастратовиќ веќе не е тренер на РК Вардар. Тој е прекрасен човек и одличен тренер, но нема да давам дополнително објаснување во врска со ова – соопшти Самсоненко.
Против екипата на Нексе тимот ќе го води помошникот на Кастратовиќ, Андон Бошковски, како преодно решение до именувањето на новиот тренер на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје го презема Вардар, Самсоненко дефинитивно заминува од Вардар
-
Канелјас за шпанска „Марка“: Вардар ни должи пари
-
ЕХФ го објави новото рангирање: Вардар веќе не е прв фаворит во ЛШ
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?