Овчари довеле 2.000 овци низ Мадрид, во одбрана на правото на користење на пасиштата и слободно движење и селење на стоката, кое е нарушено со ширење на градовите и модерните земјоделски фарми. Сообраќајот во центарот на градот бил во прекин за да се одржи „парадата на овци“ кои тропале со ѕвонците на вратот.
Овчарите уште од 1273 година имаат право да ги користат т.н. патишта на животните, кои поминувале низ целата земја, а сега со ширењето на Мадрид тие се пресечени. Секоја година сточарите го бранат своето право во Мадрид, но, според старите прописи, тие на градот треба да му платат 25 мараведи, пари кои првпат биле исковани во 11 век за да го користат преминот низ градот. Овчарите имаат право да се движат на 125 илјади километри пат за сезонско селење на стадата од ладните во потoплите краеви на Шпанија. Во сезонската преселба се движат околу еден милион грла овци и говеда.
Многу од фармерите ги селат животните со камиони, но властите се одлучиле за одржување на фестивалот во чест на селењето на овците, кој секоја година се организира во Мадрид, од 1994 година за да се зачува традицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


