Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ бара да купи куќа во Загреб за да живее поблиску до својот син Александар.
Поповиќ покрена судска постапка против неговата бивша девојка, хрватската пејачка Северина, околу заедничкото старателство за нивниот син.
– Милан моментално е во Хрватска, каде што со својот син ужива во некој од хотелите. Бидејќи судскиот процес сѐ уште е во тек и не се знае кога ќе заврши, Милан не сака со својот син да се гледа по хотели, па затоа реши да купи куќа – изјави пријател на српскиот бизнисмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


