
Во среќните денови
Борбата околу старателството над детето на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ внесе премногу нетрпеливост, обвиненија и тешки зборови како она дека Милан сака да го киднапира сопственото дете.
Северина го обвини бившиот партнер за фалсификување на српски пасош и за планирање на киднапирање на нивниот син Александар. И додека нејзиниот менаџер Томица Петровиќ тврди дека таа никогаш не потпишала согласност за издавање на овој документ, по овој повод се огласил и тимот на српскиот бизнисмен кој во соопштението наведува дека Северина „со овие обвиненија Србија ја третира како земја во која владее потполн хаос и безвластие“, пишува српски „Ало“.
„Večernji list“ го третира прашањето за веродостојноста на документот па пишува: „Фотографијата на детето на пасошот во Хрватска никако не би поминала, ни потврдија во полиција. Имено, на неа не се гледа врвот на главата на детето. Хрватскиот граничен полицаец таквиот пасош, при евентуален обид на излегување на детето од земјата, би го оценил како сомнителен и кај колегите од српската страна би проверил дали е легален, би барал доказ за старателство, согласност од другиот родител со кој би контактирал и би проверил да не е пријавено киднапирање.“
Редакцијата на српски „Блиц“ се обратила кај Полициската управа во Панчево каде што е и издаден пасошот за Александар Поповиќ, синот на Северина Вучковиќ и Милна Поповиќ.
– Патната исправа е издадена според сите важечки прописи на Република Србија – се пренесува полицијата од Панчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!


