Ракометарките на Металург се пред елиминација од Купот на победниците на куповите по поразот од 24-30 против Одензе на домашен терен. Македонските вицешампионки издржаа само едно полувреме и по првиот дел имаа предност од13-12. Одензе го презентираше квалитетот во продолжение, данските ракометарки одиграа подобро и носат предност од 6 гола за реваншот на свој терен.
Зорица Десподовска и Душица Ѓорѓиевска постигнаа по шест гола за Металург, а во победничкиот тим на Оденсе исто толку забележа Сеглем, додека Офендал беше стрелец на пет погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


