| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс кој слета без тркала (видео)

croatiarilens342

Хрватскиот портал 24сата.хр објави видео снимка од моментот на несреќата на авионот на Кроација ерлајнс што се сличи минатата недела во која благодарение на пилотот леталото приземји успешно без предни тркала.

На видеото снимено од патник во авионот се гледа и се слуша како присутните реагираат откако членовите на екипажот им соопштија дека ќе слетаат без тркала. Стјуардесата иако делува престрашено, настојува да остане смирена и да не созаде паника меѓу патниците.

-Исправете ги седиштата, проверете дали багажот ви е осигуран. Турнете го напред. Наскоро ќе ги изгасиме светлата. Уште еднаш проверете ги излезите во случај на опасност. Два напред, два во назад, соопшти стјуардесата.

На видеото се гледа и како некои патници ги склопуваат рацете и почнуваат да се молат. Се слуша и патник кој на англиски јазик објаснува на друг патник пред него дека проблемот е во предните тркала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top