Првиот тенисер на светот Новаќ Ѓоковиќ се надева на позитивен одговор на жалбата на Виктор Троицки на одлуката на Меѓународната тениска федерација да го суспендира на 18 месеци.
На 15 април годинава во Монако, на допинг контролата тој одбил да донесе примерок од крвта со образложение дека не се чувствува добро.
-Го знам Виктор од мојата осма година, заедно пораснавме. Тој е еден од моите најдобри пријатели. Сета оваа афера која се крена е голема неправда за него. Сметам дека е невин и дека судот ќе му ја тргне суспензијата- изјави Ѓоковиќ.
Првиот рекет на Србија додаде дека се надева дека Троицки ќе биде ослободен и дека ќе може да игра за репрезентацијата на Србија во финалето на Дејвис купот против Чешка.
Ѓоковиќ потпиша петиција за промена на начинот на тестирање, според него во иднина во собата каде се одржува допинг тестот треба да има камера и плус уште еден сведок.
Меѓународниот суд за спорт на 9. Октомври ќе одлучува за суспензијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.