| четврток, 6 декември 2018 |

Косово: Нема „бланко забрана“ за српски претставници

srbija-kosovo-znameКосовскиот заменик-министер за надворешни работи Петрит Селими изјави дека Приштина не донела одлука за забрана за посета на српски претставници во Косово.

– Не постои „бланко забрана“ за посета на српски претставници на Косово, Приштина нема донесено таква одлука – рече Селими.

Тој додаде, дека секое барање за посета на Косово ќе биде проследено до косовското Министерство за правда, што и досега било практика.

– Во зависност од процената на безбедносната ситуација и од други елементи што секогаш се анализираат, ќе биде одговорено. Но, не постои некоја забрана – истакна Селими.

Тој додаде дека нема да биде дозволено кој било од службениците на српската Влада да учествува во „партиски настани“ на Косово.

– Секако, не очекуваме дека државници на Србија во која било смисла ќе прават политички или партиски говори“ на територија на Косово – додаде Селими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top