Косовскиот заменик-министер за надворешни работи Петрит Селими изјави дека Приштина не донела одлука за забрана за посета на српски претставници во Косово.
– Не постои „бланко забрана“ за посета на српски претставници на Косово, Приштина нема донесено таква одлука – рече Селими.
Тој додаде, дека секое барање за посета на Косово ќе биде проследено до косовското Министерство за правда, што и досега било практика.
– Во зависност од процената на безбедносната ситуација и од други елементи што секогаш се анализираат, ќе биде одговорено. Но, не постои некоја забрана – истакна Селими.
Тој додаде дека нема да биде дозволено кој било од службениците на српската Влада да учествува во „партиски настани“ на Косово.
– Секако, не очекуваме дека државници на Србија во која било смисла ќе прават политички или партиски говори“ на територија на Косово – додаде Селими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации