| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија без Клоп против Арсенал

Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп нема да ја води екипата и на натпреварот со Арсенал на 22 октомври, поради инцидентот на мечот со Наполи во првото коло од Лигата на шампионите, соопшти денеска германскиот клуб.

УЕФА одлучи да го суспендира Клоп на уште еден натпревар. Тој, поради казната, во вторникот од трибините во Дортмунд го следеше и натреварот Борусија – Олимпик Марсеј, што домаќините го добија со 3:0.

Стратегот на „милионерите“ беше казнет откако вербално му се нафрли на помошниот судија на натпреварот со Наполи што Борусија го загуби со 2:1. Клоп бурно реагираше бидејќи судијата не му дозволи на Невен Суботиќ по укажаната лекарска помош да се врати на теренот, што, според него, им овозможило на играчите на Наполи да постигнат гол.

Јирген Клоп кој веднаш беше отстранет од теренот, по мечот се извини за инцидентот и изјави дека „се однесувал како мајмун“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top