| четврток, 6 декември 2018 |

„Се гледаме на врвот“ од Коста Петров

„Се гледаме на врвот“ е првата книга на Коста Петров која денеска беше промовирана во ателје „Кокев“ . Петров, иако е сопственик на агенција за организирање луксузни настани од областа на маркетингот, пиарот и човечките ресурси, реши сето свое богато професионално, но и приватно искуство го преточи во книгата „Се гледаме на врвот“ .kosta petrov

Иако со години живеее по светот, пред две години се врати во Македонија  и реши тука да го оствари сонот кој го бркал по цел свет. Со книгата, но и со својата работа покажува дека и во Македонија може да се создаваат големи работи. Повеќе е познат во регионот, отколку кај нас, а јавноста го памети како дел од тимот кој ги реализираше „Агенти на промени“ со Снежана Лупевска и „Лидери“. Неговата агенција „Пи ворлд“ кај нас ја претстави директорката на пиарот за „Диор“, го обезбеди гостувањето на Алистер Кемпбел човекот задолжен за односи со јавноста на Тони Блер и лидер во областа на односи со јавноста. Во изминатиот период беше многу актуелен во Хрватска, кога на конференција во Загреб пристустуваа бројни имиња од бизнис-елитата и каде што се разменуваа идеи и искуства.

(Интервјуто со Коста Петров читајте го во новиот број на неделникот „Република“ кој излегува на 1 февруари)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top