| четврток, 6 декември 2018 |

Руфи Османи го тужи гостиварскиот градоначалник

23012013182214_rufi osmani

Руфи Османи

Поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи, до Основниот суд поднел тужба за клевета на актуелниот градоначланик Невзат Бејта.

На прес-конференција во партиското седиште во Гостивар, Руфи Османи, лидер на НДП, најави дека по судски пат ќе се брани од обвинувањата на Бејта изречени во Советот на општина Гостивар за направени финанскиски злопотреби.

bejta

Невзат Бејта

– Обвинет сум дека сум злопотребил 200 илјади евра, што не е точно. Стојам на располагање и тоа да го докажеме на суд. Тврдам дека јас сум бил најчесниот функционер за време на својот мандат како градоначланик – изјави Османи.

За нарушениот углед, тој ќе бара отштета од десет илјади евра. Покрај ова, Османи покажа и неколку извештаи, според кои, како што рече, се спроведуваат активности за кои немало или не е завршена тендерската постапка.

Според Османи, актуелното општинско раководство од изборите наваму спроведува мобинг и реваншизам кон членови и симпатизери на НДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top