Кошаркарот на кого што многумина му предвудуваа блескава кариера во најсилната лига на светот, целосно исчезна од големата сцена поради бројните повреди, меѓутоа сега повторно игра под обрачите.
Неделава тој му се приклучи на тренинг-кампот на шампионот Мајами хит и тренираше. На тој начин, центарот заигра на паркетот по пауза од безмалку четири години.
Имено, Грег Оден тоа не го сторил уште од декември 2009 година кога му почнаа хроничните проблеми со колената.
– Се чувствувам добро. По долго време сум среќен затоа што можам да шутирам кон обрачот – изјави Оден за американските медиуми.
Сепак, не можел да издржи цел тренинг, што и се очекуваше, па рутината на останатиот дел од тимот на „Жешките“ ја следел од клупата, со мраз на колената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.