| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ ќе ја исполни последната желба на дете од Босна

zlatan_ibrahimovic-hajrudin-rokaj.ba_

Фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ ќе ја исполни последната желба на осумгодишното дете од Босна и Херцеговина, Хајрудин Камењаша, кому лекарите му прогнозираат уште само еден месец живот поради тоа што боледува од леукемија.

Малиот Хајрудин посакал да се запознае со легендарниот напаѓач на Пари Сен Жермен, а неговата приказна стинала до светските медиуми преку хуманитарна организација во Германија, која им помага на тешкоболните деца.

Според босанските медиуми, родителите на детето веќе стапиле во контант со менаџерот на Ибрахимовиќ, а овој им потврдил и ветил дека ѕвездата ќе се сретне со детето по натпреварот на ПСЖ со Бенфика во Лига на шампиони.

Локацијата на средбата не е позната, но постои можност Ибракадабра да дојде во Сараево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top