| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА Москва го победи Плзен со 3-2

ЦСКА Москва ја забележа првата победа во новото издание на Лигата на шампионите, а во главниот град на Русија падна Плзен. Домаќините славеа со 3-2 со головите на Тошиќ, Хонда и со смешниот автогол на Резник. Левиот бек на Чесите се обиде да ја врати топката до голманот Козачик, овој го утна фудбалот и си прими гол. Во тој момент беше 3-1. До крајот Бакош намали на 3-2. Фудбалерите на Плзен го постигнаа првиот гол на натпреварот, а стрелец беше Рајторал.

Чешкиот претставник нема ниту еден бод по првите две кола во Д групата. За нешто повеќе од половина час се играат останатите натпревари од второто коло во А, Б, Ц и Д групите од ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top