Извлечени се двојките од четврт-финалето во Купот на Македонија, а како најинтересни може да ги издвоиме Брегалница – Шкендија и Пелистер – Работнички.
Денешната ждрепка во просториите на ФФМ одлучи актуелниот лидер во првенството, екипата на Пелистер, во битката за полуфиналето да се соочи со Работнички, тимот против кого претходно го победи со 1-0.
Екипата на Металург можеби има најлесна задача, противник ќе ѝ биде Дрита, која моментално е во Втората лига.
Бранителот на ланската круна, второлигашот Тетекс, кој и оваа година е во борба за титула, ќе игра против екипата на Напредок.
Првите натпревари се играат на 13 октомври од 14 часот, а реваншот е на 20 ноември во 13 часот.
Четврт-финални двојки:
Тетекс – Напредок
Брегалница – Шкендија
Дрита – Металург
Пелистер – Работнички
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


