| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткото синче на не баш слаткиот фудбалер (ФОТО)

Тригодишниот Иван пред неколку дена ги доби своите први оригинални копачки.

– Тешко е со зборови да се опише неговата среќа кога ги здогледа – напиша гордиот татко на „Јутјуб“.

А таткото е познатиот хрватски фудбалер Лука Модриќ, кој засега сѐ уште игра за мадридски Реал и со сопругата Вања и со нивните две деца Иван и петмесечната Ева, веќе една година живеат во Мадрид.

Според пријателите на семејството Модриќ, Иван уште сега ги наследил талентот и љубовта кон фудбалот од својот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top