| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Земјоделците се излажани, а пченицата им лежи во амбарите (Видео)

SDSM Zemjodelie1
Татјана Прентовиќ, членка на ИО на СДСМ, посочи дека, како што вели, состојбата со македонската пченица е алармантна.

– Како резултат на погрешната аграрна политика на власта, пред две недели мелничарите донесоа одлука сите мелници што ја немаа платено откупената пченица да им ја вратат на земјоделците. Затоа сега повторно се зголемија количините на непродадена пченица, која стои по амбарите, а нејзината цена е осум денари за еден килограм. И покрај субвенциите, површините под пченица се намалени, а приносите се непроменети. Погрешната политика на власта во земјоделството не поттикна развој и конкурентност, туку загриженост и несигурност кај земјоделците. Затоа во последниве седум години имаме 20.000 хектари помали површини под пченица и 60.000 тони помало производство- додава Прентовиќ, која ја повикува Владата итно да го реши овој проблем на земјоделците со доплаќање на разликата до 15 денари по килограм, или да им ја откупи целата реколта на пченица за стоковни резерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top