| четврток, 6 декември 2018 |

Редовна сесија на ПС на Советот на Европа

sovet na evropa1Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од  Александар Николоски, од денеска до 4 октомври во Стразбур, Република Франција, ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На сесијата ќе се расправа за извештајот за парламентарните избори во Албанија, функционирањето и демократските институции во Босна и Херцеговина, прогресот на постапката за надзор на парламентарното собрание, националната безбедност и пристап до информации, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, правата на децата на физички интегритет, безбедност на храна, дискриминацијата на постари лица на пазарот на трудот и зајакнување на институцијата омбудсман во Европа.

Како итни прашања на дневниот ред, соопшти Собранието на Република Македонија, се состојбата во Сирија и агендата за човековите на права на Европската унија.

Обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Молдавија, Серж Сарксиан, претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин.

За време на сесијата се предвидени повеќе билатерални средби со други делегации, меѓу кои најзначајна е средбата со делегацијата на Канада закажана за 2 октомври.

Оваа година ќе биде доделена и наградата за истакнат придонес за заштитата на човековите права „Вацвал Хавел“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top