Татко и син од Битола физички ја нападнале и насилно ѝ го одзеле детето на жената со која синот бил во вонбрачна заедница, јави МВР.
ПС Ресен поднесе кривична пријава за Е.Џ.(26) и за неговиот татко А.Џ. (62) за сторено кривично дело грабнување.
Пријавените, според податоците на полицијата, прво физички ја нападнале М.А., која била во вонбрачна зедница со Е.Џ., а потоа насилно ѝ го зеле нејзиниот малолетен син и заминале. По пријавување на случајот в полиција малолетникот е вратен кај мајка му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



