| четврток, 6 декември 2018 |

СИРИЗА бара редефинирање на грчката тактика во спорот за името

siriza rena duru

 

Грчката опозициска партија СИРИЗА смета дека е потребно редефинирање на грчката тактика во спорот за името. Причината за ова, како што посочува Рена Дуру, пратеничка и одговорна за надворешна политика во СИРИЗА, се разни причини, меѓу кои и негативната пресуда за Грција од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, јави дописникот на Утрински весник од Атина.

Во интервју за грчкото радио „Реал фм“, Дуру нагласи дека треба да се задржи како важна точка во грчката надворешна политика ставот на грчката влада на НАТО-самитот во Букурешт 2008, но дека има потреба веднаш да се редефинира државната тактика околу ова прашање.

– Зборувам за Привремената спогодба, знаете што се случи во Хаг, судот пресуди во корист на соседната држава – истакна таа.

Дуру, сепак, беше јасна дека позицијата на СИРИЗА е во иста линија со црвените линии на грчката влада.

– Нашата позиција за името со децении е сложено име со географска одредница за сите употреби. За да го постигнеме ова, треба конзистентност и континуитет – додаде Дури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top