| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма во САД: киднапирано 6-годишно дете, убиен возачот на училишен автобус

Непознат маж киднапирал шестгодишно дете и притоа го убил возачот на училишниот автобус кој се обидел да го спаси, во градчето Мидленд сити во американската сојузна држава Алабама.

Според Си Ен Ен, инцидентот се случил вчера попладне, а заложничката драма продолжила и денеска. Специјалeн полициски тим (SWAT) прави напори за ослободување на детето, а во преговорите со киднаперот се вклучило и ФБИ.

Детето не било повредено, а полицијата не знае зошто токму тоа било киднапирано. Според очевидците, детето при киднапирањето изгубило свест од шок, а непознатиот човек ги ослободил другите деца од автобусот.

– Рече дека дека сите може да излезат од автобусот, а потоа го зграпчи детето и четири пати пукаже во возачот, раскажува очевидец.

Откако го зел детето, киднаперот се скрил во подземно засолниште во неговиот двор каде што се наоѓа и денеска, а со полицијата преговара преку цевка за вентилација. Полицијата не го соопштила името на киднаперот, но според неговите соседи станувало збор за 67 годишниот Дотан Игл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top