Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен порача дека меѓународните сили ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно и ќе помагаат во спроведувањето на Договорот меѓу Приштина и Белград.
Расмусен, за време на 68-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за „Гласот на Америка“ нагласи дека Мисијата на НАТО во Косово е „успешна приказна“ и дека „сите страни во регионот го сметаат КФОР за непристрасен гарант на мирот и безбедноста“.
-Почнавме пред многу години со 50.000 војници, а сега имаме само 5.000, што го отсликува значителното подобрување на безбедносната состојба… Нашето присуство ќе продлжи се додека тоа биде потребно, истакна Расмусен.
Тој нагласи дека НАТО ќе помага во имплементацијата на Договорот за уредување на меѓусебните односи, што Приштина и Белград го постигнаа пред неколку месеци во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба