| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО ќе остане на Косово

rasmusenГенералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен порача дека меѓународните сили ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно и ќе помагаат во спроведувањето на Договорот меѓу Приштина и Белград.

Расмусен, за време на 68-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, за „Гласот на Америка“ нагласи дека Мисијата на НАТО во Косово е „успешна приказна“ и дека „сите страни во регионот го сметаат КФОР за непристрасен гарант на мирот и безбедноста“.

-Почнавме пред многу години со 50.000 војници, а сега имаме само 5.000, што го отсликува значителното подобрување на безбедносната состојба… Нашето присуство ќе продлжи се додека тоа биде потребно, истакна Расмусен.

Тој нагласи дека НАТО ќе помага во имплементацијата на Договорот за уредување на меѓусебните односи, што Приштина и Белград го постигнаа пред неколку месеци во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top