| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на Генералното собрание на ОН потсети на непочитувањето на пресудата во спорот со Грција

04122011111046_greece_fyrom_flags

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски на денешната расправа организирана во рамките на Генералното собрание на ОН потсети на неспроведувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во врска со грчкото кршење на Времената спогодба. На расправата за почитувањето на владеењето на правото, организирана во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, предводена од заменик-генералниот секретар на Обединетите нации, Јан Елијасон, и холандскиот министер за надворешни работи, Франс Тимерман, било иницирано прашањето на улогата на Меѓународниот суд на правдата. Тимерман истакнал дека, иако Судот досега овозможил во голем број случаи да се задоволи правдата во споровите меѓу разни држави, Судот потфрла во спроведувањето на своите одлуки.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на Генералното собрание, реплицирал дека тоа е случајот и во спорот меѓу Македонија и Грција.

Меѓународниот суд на правдата во 2011 година донесе одлука дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога стави вето македонското членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година. Сепак, истакнал Попоски, ОН засега не успеваат да ја спроведат оваа одлука што може да помогне во решавање на спорот меѓу двете земји и деблокирање на македонските интеграции.

Попоски, доцна вечерва, ќе има средба и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top