| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на ЦИКП: Груевски 38%, Заев 15%

pozitivno

 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е најпопуларен политичар, покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање на политики.

Според резултатите, 38 проценти од анкетираните имале позитивно мислење за Груевски, а 18 проценти негативно.  За лидерот на СДСМ, Зоран Заев позитивно се изјасниле 15 проценти од граѓаните , а 34 проценти имале негативно мислење. Анкетираните биле со слично мислење и за потпретседателката на Социјалдемократите, Радмила Шеќеринска за која позитивно се изјасниле 15 проценти, а 33 проценти негативно.

Лилјана Поповска добила позитивна оценка од 22 проценти, а 19 проценти негативно. Андреј Жерновски има доверба од 16 проценти, а 29 проценти се изјасниле негативно. Мендух Тачи има поддршка од 7 проценти, а недоверба изразиле 34 проценти. За Али Ахмети позитивно се изјасниле 10 проценти, а негативно 35 проценти.

Во телефонската анкета спроведена од 20 до 23 септември на 1092 испитаници Груевски води и на прашањето за тоа кој е најтолерантен политичар. 26 проценти од испитаниците го сметаат премиерот за најтолерантен, а 7 проценти такво мислење имаат за Зоран Заев. Али Ахмети го гледаат како најтолерантен 5 проценти од анкетираните. На прашањето која партија најдобро би се справила со меѓуетничките односи за ВМРО ДПМНЕ се изјасниле 17 проценти, а за СДСМ и за ДУИ по 4 проценти од испитаните. За ДПА свое мислење дале 1 процент од граѓаните.

На прашањето која партија најдобро може да се справи со невработеноста 30 проценти одговориле дека тоа е ВМРО ДПМНЕ , 3 проценти се изјасниле за ДУИ, 4 за СДСМ, а другите партии добиле незначителен процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top