| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Семејните фирми на Заев немаат право да конкурираат на тендери во Струмица

LIDERI-3-Zoran-Zaev-Фактот дека во општина Струмица и институциите кои се под нивна директна надлежност,  јавни набавки добивале фирми во кои сопственици се  таткото, чичкото, братучедите, снаата, стрината и бизнис ортаците на Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, не може со ништо да се покрие. Сите фирми во Република Македонија и надвор од Република Македонија, имале и имаат право да конкурираат и да добиваат јавни набавки во општина Струмица, но не и фирмите кои се семејно и капитално врзани со Зоран Заев и нему блиските фирми. Тоа господа од СДСМ е чист пример за непотизам и судир на интереси – посочи денеска  Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ.  Тој на прес-конференцијата истакна дека  Заев треба да излезе и лично да го признае обемот на, како што рече, „системот за испумпување на буџетски средства за лично и семејно богатење“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top