Денеска Јохан Тарчуловски за НОВА изјави дека неговата сопруга која завчера доживеа несреќа кога падна од тераса, е добро и дека се работело за несреќен случај.
-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај., изјави Тарчуловски за НОВА.
Инаку, при падот Соња се здобила со скршеници на ребрата, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо.
Сите детали за несреќата ќе бидат соопштени утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.