Скопјанката Ѓ.Ѓ (20) вчера околу 12:25 часот била тешко повредена откако во неа удрил автомобил „Ренџ Ровер” со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје.
Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на крстосницата од улица „Мајка Тереза” и улица „Ацо Караманов”.
-Во незгода со повреди се задобила Ѓ.Ѓ. која со возило на брза помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди- информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.