| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредена баба: Сакала да се стопли, плинската боца експлодирала

На 08.02.2018 во 12:30 часот СВР Тетово е пријавен пожар во куќа на ул “29 Ноември“ во Тетово.

Имено, во поткровниот дел од куќата во која што живеела А.И. (79), во обид да користи грејно тело на плин, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. се здобила со повреди и изгореници.

Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело.

Од страна на Територијалната противпожарна единица огинот е изгаснат, а повредената А.И. со возило на итна медицинска помош е пренесена во Клиничката болница Тетово каде што и е укажана лекарска помош.

Увидот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top