| четврток, 6 декември 2018 |

Арамии ограбија затвор

zatvor

Крадци во раните утрински часови во средата провалиле во затвор и побегнале со сефот во кој имало илјадници евра, пишуваат италијанските медиуми.

Дрската кражба била извршена откако крадците го измамиле системот за обезбедување и испеале да влезат во канцеларијата на управителот на затворот во Павија, во близина на Милано.

Според извори на весникот, сефот во кој имало пет илјади евра бил искорнат од ѕидот и најверојатно преку тајни подземни коридори кои гарантирале безбеден пристап до канцеларијата изнесен надвор од затворот. Сефот бил пронајден испразнет во близина на затворскиот ѕид околу пладнето.

Бидејќи не станува збор за голема сума, речиси безначајна за да се рескира повеќегодишна затворска казна, постојат сомневања дека некој дрско сакал да ја покаже ранливоста на безбедносниот систем, и тоа во новото крило од затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top