| четврток, 6 декември 2018 |

Охридскиот градоначалник го тужи сопственикот на „Охрид скај“ за 50.000 евра

nikola-bakraceski-opstina-2

Во три приватни тужби, кои градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ги поднел за порталите „Охрид скај“ и „Макборба“, како и за нивниот уредник Сашо Денесовски, поради надомест за нарушени чест и углед и за претрпени душевни болки бара отштета од три милиони денари (48.700 евра), известува „Охрид скај“.

Денесовски денеска добил и „обвинителен предлог за кривично дело самовластие“, при што повторно како оштетен се јавува Бакрачески, пишува „Охрид скај“, изразувајќи чудење од категоријата „самовластие“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top