| четврток, 6 декември 2018 |

Мирјана Карановиќ ќе го претстави сценариото под наслов „Добра сопруга“ на „Манаки“

Во Битола утринава пристигна врвната српска актерка Мирјана Карановиќ, која ја пречека директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина Митевска.

IMG_3754

Таа во Битола доаѓа да учествува на дводневниот воркшоп Манаки скрипт корнер. Српската актерка што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, во реномираното Сценаристичко катче лично го претстави и разви своето сценарио под наслов „Добра сопруга“. Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип.

IMG_3760

Професорка е по глума на Српската академија на уметностите, а во Битола, како што рече доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што уште еднаш го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичко катче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top