Во Битола утринава пристигна врвната српска актерка Мирјана Карановиќ, која ја пречека директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина Митевска.
Таа во Битола доаѓа да учествува на дводневниот воркшоп Манаки скрипт корнер. Српската актерка што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, во реномираното Сценаристичко катче лично го претстави и разви своето сценарио под наслов „Добра сопруга“. Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип.
Професорка е по глума на Српската академија на уметностите, а во Битола, како што рече доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што уште еднаш го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичко катче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки