| четврток, 6 декември 2018 |

Мијатовиќ нов голман на Металург

Откако Петар Ангелов го раскина договорот со Металург, тоа ја натера клупската управа на брза реакција, која резултираше со доведување на првиот голман на црногорската репрезентација, Раде Мијатовиќ (32).

mijatovik potpis

Црногорски интернационалец денеска потпиша едногодишен договор, со можност за уште една, дополнителна година.

Мијатовиќ својата досегашна кариера настапувал за српските клубови Војводина, Партизан и Црвена Звезда, а неколку години престојувал и во Шпанија, бранејки ги боите на Толедо, Алкобендас и Антекјера. Минатата сезона ја помина во Белорусија, на голот на Динамо од Минск.

mijatovik pozdrav

– Имав повеќе понуди од Катар и од клубови од Бундеслигата, но сакав да бидам поблиску до своето семејство. Кога ја добив понудата на Металург, не се двоумев да ја прифатам- , рече Мијатовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top