| четврток, 6 декември 2018 |

Лежи во кревет и заработи 5.000 долари

Американската агенција НАСА е во потрага по волонтери кои ќе поминат 70 дена во кревет со цел да се испитуваат ефектите од микрогравитацијата врз човечкото тело, а за ова доброволците ќе добијат сума од 5.ооо долари.

Додека трае експериментот, доброволците ќе имаат пристап на интернет, ќе може да играат компјутерски игри, да читаат, гледаат телевизија и да примаат посета.

Студијата се спроведува во Џонсон вселенскиот центар во Хјустон каде што волонтерите најпрвин поминуваат две недели во вообичаени активности со цел да се мониторира телото во нормална состојба. Потоа започнува периодот на лежење кој трае 70 дена, при што лежат 16 часа на светло и 8 часа во темнина.

Движењата се дозволени само кога научниците прават тестови за да откријат дали има некакви промени во коските, мускулите, циркулацијата, дигестивниот и имунолошкиот систем.

Откако ќе ги поминат 70-те дена во лежење следуваат 14 дена период на рехабилитација со цел телото повторно да се врати во форма.

Оние кои веќе земале учество во програмата велат дека за тие пари што ќе ги добијат „работата“ не е воопшто тешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top