Почна бербата на ориз од годинешната реколта. На сопсвени површини од 10 декари земјоделецот Мијалче Костадиновски од село Чешиново насеал ориз од турската сорта „гонен“, пренесува МИА.
– Приносите се повеќе од задоволителни. На површина од еден декар добив 800 килограми оризова арпа од оваа турска сорта, како експериментално производство, вели Костадиновски кој додаде дека и жнеењето на оваа сората се прави 20-тина дена порано.
Во Земјоделскиот институт во Кочани на површина од 5 декари се испитуваат 15 турски сорти на ориз. Турски сорти ориз пробно се произведуваат и на површина од 20 земјоделци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


