Иако календарски сѐ уште е лето, облачното време, проследено со грмежи и дожд во северните делови на Балканот ги натера тамошните жители и гости да ги извадат топлата облека и јакните од задниот дел на плакарот.
Во некои делови од Словенија пак, падна и првиот снег сезоанава. Обилните врнежи на дожд во еден момент се претвориле во меќава, а потоа и во снег, кој достигнал и до неколку сантиметри.
Кај нас пак, сѐ уште преовладува просечна температура од околу 25 степени, а попладне се можни слаби врнежи.
Според Метеопро, во Скопје ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и максимална температура до 26 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


