| четврток, 6 декември 2018 |

Сања „растури“ на Турковизија и тоа на турски (ВИДЕО)

sanja lefkova

Наградата за најдобра интерпретација на фестивалот во Памуккале, познат како турската Евровизија заслужено ја доби Сања Лефкова. На фестивалот, покрај нашата пејачка од Кочани која ја претставуваше Македонија и воедно запеа на турски јазик, настапија претставници на уште 27 земји.

sanja lefkova 2

– Фестивалот трае три дена и беше предвиден настап на песни на мајчин јазик и песни на турски. Јас во првите две вечери  настапив со мои песни, а за третата требаше да научам турски. Во изборот на турски песни ми помогна менаџерот за Македонија, Адил Алуш, кој исто така беше дел од фестивалот – вели Сања.

За изгледот на Сања беа задолжени модното студио „Bilia“, која креираше облека за пејачката, а за накитот се погрижи „Русевска дизајн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top