Наградата за најдобра интерпретација на фестивалот во Памуккале, познат како турската Евровизија заслужено ја доби Сања Лефкова. На фестивалот, покрај нашата пејачка од Кочани која ја претставуваше Македонија и воедно запеа на турски јазик, настапија претставници на уште 27 земји.
– Фестивалот трае три дена и беше предвиден настап на песни на мајчин јазик и песни на турски. Јас во првите две вечери настапив со мои песни, а за третата требаше да научам турски. Во изборот на турски песни ми помогна менаџерот за Македонија, Адил Алуш, кој исто така беше дел од фестивалот – вели Сања.
За изгледот на Сања беа задолжени модното студио „Bilia“, која креираше облека за пејачката, а за накитот се погрижи „Русевска дизајн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)