– Зачестените нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз мене, денеска и како градоначалник, претставуваат продолжување на нивната „гнасна кампања“. По долгогодишна ескплоатација на еден вид напади врз СДСМ, тие сега бараат „ново сениште“. Сепак, СДСМ е преокупирана со својата програма, а не со ВМРО ДПМНЕ. Работиме на тоа на граѓаните да им понудиме нови перспективи, нова иднина, нешто поразлично од она што повеќе години го нуди ВМРО ДПМНЕ, а поради што земјата назадува, а граѓаните се се’ повеќе незадоволни и посиромашни. Доколку нешто не е во ред со јавните набавки во Струмица, бидете сигурни дека оваа власт, која не е толерантна, веќе ќе имаше започнато со апсења, а немаше да се занимава со пропаганда преку партиски прес-конференции – реагираше денеска Зоран Заев откако владејачката партија обелодени дека неговиот татко добил тендер на јавен оглас на општина Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.