Зоран Заев има амбиција да биде Премиер на Република Македонија, а кога тој си дозволува така да работи како градоначалник на само една општина и јавните набавки да ги доделува во своето семејство, што ли би правел кога би му бил на располагање цел буџет на државата?! – запраша денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на портпаролот на најголемата опозициска партија СДСМ, Петре Шилегов.
Шилегов нагласи дека е сосема легална и законски зделката на струмичката компанија ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО од Струмица, чии сопственици се Панчо Заев и Љупчо Заев, таткото и чичкото на лидерот на социјалдемократите Зона Заев и се јавила како учесник на распишаниот оглас од Јавната општинска установа „Детска радост”, која е во надлежност на Општина Струмица.
„Синот Заев дава тендери на таткото Заев. Од општинскиот буџет пари се слевале во касата на Октоподот на Заеви. Фактот дека Панчо Заев, таткото на Зоран Заев и фактот дека Љупчо Заев, чичко на Зоран Заев добивале тендери во Општина Струмица не е возможно ни СДСМ да го скрие”, се наведува во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тие посочуваат дека на прес-конференцијата портпаролот на СДСМ истовремено тврдел дека станува збор за лажно обвинување и објаснил како течела целата постапка, како и дека таткото и чичкото на Зоран Заев имале право да учествуваат во постапката.
„Како што покажуваат и документите од јавните набавки станува класичен пример за судир на интереси и непотизам”, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека е недостојно лидер на опозиција да биде човек кој што својата функција ја „користи за лично збогатување и збогатување на својата фамилија, а не да работи за интересите на граѓаните на Република Македонија”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.