| четврток, 6 декември 2018 |

МРТ: Во нашиот буџет немаме пари за купување Евровизиски гласови

esma i lozanoДел од поранешните македонски пејачи што изминативе години учествуваа на Евровизија се сомневаат дека земји-учеснички се обидувале да купуваат поени за да стигнат до победа. Како што објави британскиот весник „Дејли мејл“, Азербејџан и уште четири други земји нуделе мито во замена за гласови.Од МТВ велат дека во никој случај не би оделе на подмитување за глас повеќе бидејќи целта е чесно да се претстави државата, пренесува Телеграф.мк.

Идната претставничка на Македонија, Тијана, пак вели: Првпат слушам за скандалот со купување евровизиски гласови.

– Никогаш нема да дадеме пари за такво нешто, во нашиот буџет не се предвидени пари за купување гласови. Ние ги добиваме парите чесно и сакаме чесно да ја претставиме нашата земја, вели Љупчо Мирковски, раководител на музичката продукција на МРТ и член на нашата евровизиска делегација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top