| четврток, 6 декември 2018 |

Владата заседава, косовското ембарго и натаму трае

vlada-604x272

Пред еден час почна редовната седница на Владата на која ќе стане збор и за косовското ембарго во контекст на можноста за укинување на мерката за условен увоз на брашно со земјите од ЦЕФТА договорот.

Ниту денеска Скопје и Приштина немаат решение за трговскиот спор што го почна косовската страна. Според министерот Пешевски, најдобрата помош за компаниите е да не се попушти под притисокот.

Властите се во постојана комуникација, но формален договор и не е потребен, вели вицепремиерот Пешевски, бидејќи нашата контрамерка престанува да важи во моментот кога Косово ќе ја повлече својата која е без економска оправданост и без јасно утврдени причини зошто е воведена. Според Пешевски, најдобрата помош за компаниите е да не се попушти под притисокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top