Во второто коло до регионалната СЕХА лига ракометарите не Металруг извојуваа лесна победа над домашната екипа на Ловќен со 23-29 (8-14).
По првото коло и нерешениот резултат против Вардар екипата од Автокоманда имаше лесна задача во Подгорица и стигна до првата победа и најави дека и оваа година ќе бидe главeн фаворит за освојување на првото место во ова натпреварување.
Уште во првиот дел „металрузите“ направија разлика од шест гола и ја зачуваа до крајот на мечот. Домаќините во 50 минута се доближија до четири разлика, но неуспеаа да направат изненадување.
Најефикасни кај Металург беа Атман и Вугринец со седум погодоци, додека Митревски имаше девет одбарнети удари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


