Џовани Трапатони одлучи да се повлече од функцијата селектор на Република Ирска, по поразот од Австрија и по комплетниот неуспех во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014 во Бразил.
Надежите на Ирците исчезнаа по вчерашниот пораз со 0-1 во Виена, бидејќи недостижни за нив се и Германија и Шведка, а ги претркаа и Австријците.
„Им благодарам на сите што ми ја даваа поддршката во изминатиот период. Ја напуштам оваа земја и репрезентацијата со голема почит кон навивачите на Ирска, познати како едни од најдобрите во светот. За жал, не успеавме да се пласираме на Светското првенство и јас си заминувам“, изјави популарниот Трап.
Се најавува дека наследник на италијанскиот стратег ќе му биде Мартин О’Нил, сегашниот менаџер на Сандерленд. Тој би требало да го доврши овој и да го стартува следниот квалификациски циклус на кормилото на Република Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


