| четврток, 6 декември 2018 |

Џентлментски потег на Трапатони, си поднесе оставка по поразот од Австрија

Џовани Трапатони одлучи да се повлече од функцијата селектор на Република Ирска, по поразот од Австрија и по комплетниот неуспех во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014 во Бразил.

Надежите на Ирците исчезнаа по вчерашниот пораз со 0-1 во Виена, бидејќи недостижни за нив се и Германија и Шведка, а ги претркаа и Австријците.

„Им благодарам на сите што ми ја даваа поддршката во изминатиот период. Ја напуштам оваа земја и репрезентацијата со голема почит кон навивачите на Ирска, познати како едни од најдобрите во светот. За жал, не успеавме да се пласираме на Светското првенство и јас си заминувам“, изјави популарниот Трап.

Се најавува дека наследник на италијанскиот стратег ќе му биде Мартин О’Нил, сегашниот менаџер на Сандерленд. Тој би требало да го доврши овој и да го стартува следниот квалификациски циклус на кормилото на Република Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top