Шкотска доминираше во првиот дел од натпреварот со Македонија на „Филип втори“ арената, но за наша среќа не успеа да ни даде гол, па вториот дел ќе почне со резултат 0-0. Гостите постојано напаѓаа, а Браун ја промаши најдобрата шанса во 32. минута кога беше сам очи в очи со Томе Пачовски. Македонскиот голман со храбра интервенција спаси чист гол.
Во финишот на полувремето Адис Јаховиќ можеше да ни донесе предност, но осамен откосо од 7-8 метри го промаши голот.
При крајот на првиот дел заменет беше 19-годишниот Давид Бабунски, играч на Барселона Б, а на овој дуел тој за првпат беше стартер. Место него во игра влезе Дарко Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


